Хотелот Мизо располага со 34 прекрасни делукс соби.
Собите се опремени со кабелска телевизија, бесплатна интернет конекција, телефон, сопствен тоалет, тераса.
Делукс собите, покрај споменатата опрема, дополнително се опремени со џакузи кади, мини бар и се со поглед кон езерото.
Комплексот Мизо се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, во близина на старата рибарска населба Канео и на само еден километар од старата охридска чаршија.
Комплексот располага со:
хотел, депанданс, вили, камп приколки, сопствена плажа, терен за тенис, ракомет, мал фудбал, кошарка и сопствен паркинг.
Хотелот располага со ресторан и вип бар.
Депандансот е опремен со 8 соби, а секоја соба има кабелска телевизија, бесплатна интернет конекција, телефон, сопствен тоалет.
Пружете си можност да уживате во конплетен конфор, единствен амбиент и околина.